Нега

Како да ги пресадиш растенијата?

Пресадување на растенија може да звучи комплицирано, но ние имаме неколку совети како да го направиш тоа успешно и едноставно.

Растенијата обично треба да се пресадуваат на секои 12 до 18 месеци, во зависност од тоа колку активно растат. Некои растенија кои растат бавно, може да живеат во истата саксија и неколку години. Најдобро време да ги пресадиш растенијата е рана пролет, токму пред почетокот на сезоната на растење, бидејќи така ќе се прилагодат побрзо од шокот предизвикан од трансплантацијата.

Ако видиш еден или комбинација од овие знаци, ќе знаеш дека е време да ги пресадиш:

  • Корените растат низ дренажната дупка на дното на саксијата.
  • Корените го туркаат растението нагоре, надвор од саксијата.
  • Растението расте побавно од нормалното (различно од зимското мирување).
  • Надземниот дел на растението има голема тежина и лесно паѓа.
  • Растението се суши побрзо од вообичаено и бара почесто наводнување.
  • Надземните делови од растението ја зафаќаат речиси целата саксија и нема место за нов раст.
  • Засадено е во несоодветна земја која не е доволно порозна.

Чекори на пресадување:

1. Отстрани го растението од моменталната саксија
Сврти го растението настрана, нежно држи го за стеблата или листовите и притисни го дното на саксијата додека растението не се лизне. Можеби ќе треба да му помогнеш со неколку нежни влечења држејќи го за основата на стеблата.

2. Разлабави ги корените
Нежно разлабави ги корењата на растението масирајќи ги со раце. Ако корењата на растението се врзани – растат во многу тесни кругови околу основата на растението – отплети ги корењата најдобро што можеш.

3. Отстрани ја старата земја
Отстрани околу една третина или повеќе од земјата околу растението. Како што растело, твоето растение отстранило некои од хранливите состојки во земјата, така што ќе му биде потребна нова хранлива земја.

4. Стави земја во новата саксија
Истури слој свежа земја во новата саксија и натисни ја, отстранувајќи ги сите воздушни џебови. Ако новата саксија нема дренажна дупка, обложи го дното со камчиња пред да ја додадеш земјата. Целта е да се создадат пукнатини во кои ќе се собира дополнителната вода, подалеку од корењата на растението.

5. Стави го растението во саксијата
Постави го растението врз свежиот слој земја, провери дали е централно поставено, а потоа сразмерно додавај земја околу корењата се додека не ги пополниш сите дупки. Повторно натисни ја земјата, но внимавај да не ја притиснеш премногу бидејќи корењата треба да дишат.

6. Наводни го растението
Израмнете ја земјата одозгора и убаво наводенете го растението. На растение кое е штотуку пресадено не треба да му се става прихрана.

 

Back to list