Носиме зеленило и живот во просторот

Растенијата имаат неверојатна способност да го оживеат и разубават секој простор. Тие се чест избор кога станува збор за канцеларии, угостителски објекти и уредување на домот, бидејќи дури и кратко време поминато гледајќи во зелената боја на растенијата, има седативен ефект врз нас.

Голем дел од модерните компании одбираат зелени решенија поради нивната естетска функција, но и поради способноста на растенијата да ја зголемат концентрацијата и да го намалат стресот.

Ние во Зелена ви нудиме различни хортикултурни решенија прилагодени на условите во вашиот простор, на буџетот и на вашите желби и замисли, без разлика дали станува збор за дом, канцеларија, ресторан, кафе бар или хотел. Од почетокот на нашето постоење, раззеленувањето на различни видови на простори е наша главна цел. Досега сме работеле со реномирани компании како „Ботаника – Урбана Кафана“, „Гостилница Дукат“, „Кино Карпош“, „Хелтиш“, „Скуадрон“, „Пабау“ и многу други. Во консултација со вас, ги остваруваме сите ваши идеи и пронаоѓаме зелени решенија кои подеднакво ќе функционираат и за вас и за вашите растенија.

Контактирајте нè на 072 215 199 или на 070 888 007 секој работен ден, на houseofplants@zelena.mk или на нашите социјални мрежи и закажете средба со нашите експерти.

Тука за вас, 

Тимот на Зелена.